Општина Карпош почнува со санација- ќе може да пријавите дупка на патот

Општина Карпош почнува со санација на оштетените улици на својата територија со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Поради поголема успешност на акцијата, општина Карпош ги повикува и граѓаните да пријавуваат ударни дупки. 

Пријавувањето може да се врши на e-mail адресата: kontakt@karpos.gov.mk и на социјалните мрежи на општина Карпош: Facebook: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/ Twitter: @OpstinaKarpos Instagram: @opstinakarpos Потребно е да се наведе точната локација и број на улицата.

Во претстојниот период, како што информира општина Карпош, ќе се реконструираат и повеќе улици кои се во руинирана состојба.

 

 

 

26.03.2018 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега