Велигденски јајца: 76% од жените велат дека на овој начин јајцата се идеално сварени

Кога подготвувате велигденски јајца, она на што најмногу се фокусирате е како ќе ги украсите. Поради тоа може да се случи целосно да изгубите чувство дали јајцата се доволно варени или не.

Независно од тоа колку јајца ќе варите, секогаш употребувајте тенџере кое ќе ги собере сите јајца, без тие да се допираат. Но, тоа не значи да користите преголемо тенџере низ кое што јајцата би се движеле слободно.

Наполнете го тенџерето со онолку вода, колку што е потребно за јајцата да бидат потопени кога ќе ги додадете. Оставете ја водата да зоврие. Откако ќе започне да врие, започнете да ги ставате јајцата едно по едно со помош на лажица. Внимавајте да не ги скршите.

Варете ги јајцата точно 8 минути. Потоа тргнете ги од ринглата и пуштете студена вода да тече врз нив. На тој начин ќе го прекратите процесот на нивното готвење.

 

 

 

02.04.2018 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега