Важна информација за сите што имаат заостанат долг за вода

Заостанат долг за вода по основ на тужени и редовни сметки од денеска до 15 мај може да се плаќа на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, граѓаните и компаниите ќе можат да го исплаќаат долгот со склучување договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Од претпријатието ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови да ја искористат оваа можност за плаќање. 

 

 

 

02.04.2018 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега