Повремен сообраќаен режим на овие улици во Скопје утре и задутре

На булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ утре и задутре ќе се воведе привремен сообраќаен режим поради изведување работи на патот, соопшти Град Скопје. 

Ќе се асфалтираат двете леви сообраќајни ленти на булеварот (од страната на паркот во Чаир), на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“.

Поради тоа ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива по двете десни ленти на коловозот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на оваа делница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. 

 

 

 

02.04.2018 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега