Најефектен начин на украсување велигденски јајца без боја - шари на кои сите ќе ви завидуваат (видео)

Декорирајте ги велигденските јајца на моден начин.  Потребни ви се само парченца свила за да направите разиграни декорации на украсните јајца.

За да ги направите овие интересни велигденски јајца, потребно ви е:

Свежи јајца

Свилени марами, вратоврски или други видови на свила – задолжително во некои шарени и весели бои (да се обрне внимание на етикетата, треба да биде 100% свила)

Конец со кој ќе ја зацврстите свилата околу јајцето

Парче бело платно (со големина колку да може да се завитка јајцето). Може од стара бела крпа или навлака за перница.

Лонец, вода и оцет.

Подготовка

 

Декорирањето е многу едноставно: јајцата само завиткајте ги во парченца свила, а потоа завиткајте ги во бело парче платно.

Така завитканите јајца ставете ги во лонец со вода во кој ќе додадете половина шоља оцет. Варете ги јајцата 20-на минути. Потоа ставете ги на картон или крпа да се изладат. Кога сосема ќе се изладат одвиткајте ги,  ве очекува супер изненадување.

 

 

 

 

05.04.2018 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега