Тука се крие опасноста - што никако не смеете да правите со пилешкото

Кога купувате намирници кои се ризични, а тука спаѓа и пилешкото месо, морате посебно да бидете внимателни при подготовката.

Пилешкото е вид месо со кое мораме да бидеме внимателни при ракувањето. Имено, постојат две важни работи кај ова месо. Пилешото никогаш немојте да го ставате на горната полица во ладилникот и никогаш не мијте го пред подготовка.

На сите ни се случува при брзање, кога со полни раце од пазарење ќе се вратиме дома, месото да го ставиме на горната полица од ладилникот, но мора да се биде внимателен. Имено, соковите од месото може да капат по храната под него, а со тоа храната ќе се загади. Потребно е пилешкото да се стави во посебна ќеса или пак на најдолната полица.

Друга важна работа, пред да го готвите пилешкото, е да не го миете. Кога го миете се шират бактериите наоколу преку водата, а со тоа се зголемува и можноста да добиете труење.

 

 

 

 

13.04.2018 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега