По рецептот на нашите баби: Вкусно малиџано од кое ќе мириса цело маало

Направете вкусно малиџано оваа есен.

Ви требаат 4 кг. модар патлиџан, 4кг. меснати зелени пиперки за печење, 1л. сончогледово масло, 150 - 200мл. вински оцет, 200гр. шеќер, 150гр. сенф, Сол по желба.

Испечете ги модрите патлиџани и пиперките. Оставете ги да се оладат, а потоа излупете ги и пиперките исчистете ги од семките. Полесно селупат ако ги ставите врели во кесе.

Сомелете ги во машина за мелење месо. Ставете го маслото да се загрее, а потоа додадете ги и сомелените пиперки и модри патлиџани и пржете 30 минути.

На крајот од пржењето додадете ги оцетот, сенфот, солта и шеќерот.

Ставете во тегли стерилизирани.

 

 

 

03.09.2018 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега