Зимска руска салата: Зимница која мора да ја подготвите оваа сезона

Зимската руска салата е вистинско решение секогаш кога ќе ви се пријаде нешто кисело во текот на зимата. Стои без проблем цела сезона а се подготвува прилично едноствано и со состојки кои за малку пари се купуваат на пазарите.
Се разбира, сега уште е рано бидејќи зеленчукот се уште е прилично скап, но некаде кон крајот на месецот ќе можете да почнете со подготовка на зимницата, па овој рецепт можете да го имате предвид и се разбира, да го поделите со пријателките.

 

Состојки

10кг вкупно крафиол, корнишони и моркови (можете да додадете по ваша желба и пиперчиња ако сакате да биде лута, зелка, сецкан зелен домат)

Солило

10 лит вода

300 гр крупна сол

1 шола шеќер

250 гр есенција

20 гр винобран

10 гр конзерванс (ако не ви стојат подолго од неколку месеци и не мора)

1-2 пак. бибер во зрно (не мора)

 

Зеленчукот убаво се мие и чисти. Карфиолот се кине на парчиња, а морковите и корнишоните убаво е да се што помали и остануваат цели доколку планирате да ја ставате во буренца, а доколку одите со тегли, сецкајте се на парчиња.

Во од прилика 3 литра вода ставете ги сите состојки за солилото. Мешајте додека се не се растопи, па потоа додадете ја и останатата вода.

Не треба варење, едноставно, само прелијте го зеленчукот и готово.

Во текот на денот од време на време промешајте уште неколку пати, или ако е во тегли превртувајте ги за да се распореди убаво течноста. Оваа постапка и да не се направи, ништо страшно.

На крај убаво натиснете ги под солилото и почекајте ги најмногу 2 недели да бидат готови.

Истото солило можите да си го употребите и за некој друг вид на закиселување на зеленчук.

 

 

 

 

 

 

 

04.09.2018 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега