Сенатот на САД го потврди наследникот на Џес Бејли

Сенатот на САД ја потврди Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Македонија на вчерашното гласање, објавено е на официјлната веб страна на Конгресот.

Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена. 

Сè уште не е познато кога новата амбасадорка на САД ќе дојде на должноста во амбасадата во Скопје.

Таа истакна дека со Договорот од Преспа политичките лидери на Северна Македонија и Грција надминаа тешки историски прашања и неговата целосна имплементација е клучна за регионот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2019 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега