Фазлиу на Форум на градови и на региони во Полска

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, денеска и утре, ќе учествува на Форумот на градови и на региони „Инвестирање во Западен Балкан – Инвестирање во Европа“, што се одржува во Жешов, Полска.

Форумот има за цел да им помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на интегрирање во Европската Унија и во економската трансформација.

Една од темите за која ќе се разговара, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, е Улогата на макро-регионалните стратегии и другите механизми за меѓурегионална соработка на земјите од регионот-Како да се изградат инструменти и програми за транснационална соработка во рамките на Европската Унија, за да се подобри процесот на трансфер на знаење и политики од Европската Унија на земјите и регионите од Западен Балкан и како да се поттикнат партнерите од Западен Балкан активно да учествуваат во спроведувањето на макро-регионалните стратегии на Европската Унија, заради нивно приближување кон заедничките цели. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2019 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега