Доаѓа вистинско лето: Викендов најтоплиот ден оваа година

Викендот кој доаѓа ќе биде најтоплиот од почетокот на оваа година. Според прогнозите, во петок и во сабота ќе следи разведрување по неколкуте денови во кои наврна релативно голема количина на дожд.
Во петок се уште ќе има по некој облак на небото, но сонцето ќе пече доволно силно за температурите да поминат 30 степени во Скопје и до 33 низ Македонија.
Во сабота не чека уште потопол ден. Небото ќе биде чисто па сонцето ќе ја искачи температурата над 32 степени во Скопје и над 35 во јужните делови од земјата.
Слично ќе биде и во недела со тоа што од време на време ќе има локално наоблачување. Температурите во текот на целата наредна недела ќе бележат максимални вредности над 30 степени.
Ако се исклучат неколкуте денови со услови за дестабилизација и врнежи во средината на јуни, тогаш може да се каже дека почнува вистинското лето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2019 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега