Протести пред Владата: Се поставуваат шатори

Поранешните вработени во Еурокомпозит со нови протести пред Владата.

„Ве известуваме дека денеска 05.06.2019 год. со почеток во 11:00 часот започнат е протест на бившите вработени на Еурокомпозит 11 Октомври од Прилеп, пред Владата на РМ .

Пред Владата ќе бидат поставени и шатори од денес се до исполнување на нивните барања.“ - известуваат од надлежниот синдикат.

Од прилепски „Еурокомпозит“ за технолошки вишок се прогласени 154-ица работници кои очекуваат исплата на отпремнини по околу 100.000 денари, а на работа во фирмата се 60-ина работници. Сите заедно бараат и исплата на заостанатите плати и придонесите за шест и пол години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2019 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега