Австриски „Пресе“: Црвено светло за Македонија во ЕУ - посетата на Заев на Брисел не смени ништо

„Повеќе земји-членки на ЕУ го одбиваат почетокот на преговори со Албанија и Северна Македонија“, пишува денеска австрискиот весник Пресе, пренсе Дојче Веле.

Со оглед на тоа што за почетокот на преговорите мора да се согласат сите 28 членки на ЕУ, исклучено е дека пред летото двете западно-балкански земји ќе го направат следниот чекор кон ЕУ“.

Според Пресе, ни вчерашната посета на Брисел на македонскиот премиер Зоран Заев не смени ништо во тој однос.

„Во прв ред, Франција и Холандија силно се противат на почеток на преговорите со двете земји.

Во Франција сметаат дека на Западен Балкан треба да му се помогне но НЕ со проширување.

Отпорот на Холандија е еден чекор понапред од оној на Франција, додава Пресе.

Холандија бара и прекин на безвизниот режим за албанските граѓани. Во понеделникот Европската комисија потврди дека од Хаг стигнало такво писмо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2019 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега