ЕК не сака да ги коментира „бомбите" на Ел Чека

Eвропската унија не сака да ги коментира новите прислушувани разговори кои се појавија во јавноста од Ел Чека.

- Ние не коментираме за тековните истраги или постапки. Комисијата забележува дека властите преземаат акции во врска со неодамна објавените прислушувања, изјавуваат од ЕК за ПрессингТв.

За потсетување, Ел чека објави 10 бомби од ДУИ и се закани дека ќе објави 6.000 нови бомби.

- Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени за криминалци или Заеви ќе падне!, пишува Ел Чека на албански јазик.

Вчера специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека не може да гарантира дали бомбите кои периодов ги објавува Ел Чека, се истите од СЈО, а денеска од СЈО со реакција дека изјавата е погрешно протолкувана и дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага.

- „И во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите", велат од таму.

Од Владата пак велат дека остануваат на ставот на МВР што го изнесе пред неколку дена во врска со објавувањето на последните „бомби“.

-Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена, рече Хоџа, владиниот портпарол.

Минатата недела МВР соопшти дека лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега