Армијата прима 125 професионални војници - Ова се условите

Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време.

Тие ќе се вработат со договор за вработување во времетраење од три години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.

За да можат да се пријават на огласот лицата треба да се државјани на Република Македонија, да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено воен рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.

Рокот за пријавување е 15 дена. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега