Нова промена: Од утре летни температури до 33 степени

Утре ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега