Николоски: Македонија оваа година нема да започне преговори за членство во ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски е гостин во емисијата Клик Плус. Николоски беше прашан дали Македонија ќе добие датум за почеток на прегововори, бидејќи инфомарциите кои доаѓаа од Брисел се различни.

-Моите информации се дека и оваа година Македонија нема да добие датум за почеток на преговори, односно во јуни нема да имаме почеток на преговори ,рече Николоски.

Николоски потсети дека направил две прогнози во минатото, едната во април а другата во ноември минатата година и дека двете се оствариле, и додава дека не е среќен што неговите прогнози се оствариле. И дека и тој и цело ВМРО-ДПМНЕ сакаат Македонија да напредува а се напредува преку членство во ЕУ.

-Ексклузивно за вашата емисија ќе направам трета прогноза, а тоа е дека Македонија нема да отпочне преговори, ниту во јуни, ниту во јули, ниту во октомври, ниту до крајот на оваа година, рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега