„Ел Чека“ од нов профил на Фејсбук: Ќе се вратам, а за предавниците куршум

Кичевецот од Туин, Шеќерим Ахмети, познат како „Ел Чека“ се јави од нов профил на „Фејсбук“, но без „бомби“. Тој реагираше на репортажата на телевизија „21“ во која жителите на Туин велат дека неговото семејство се иселило во Албанија. Ел Чека во постот ѝ порачува на бабичката од телевизискиот прилог „да не жали за оставената куќа, оти брзо е се врател“.

-Држи се бабо, наскоро ќе се вратам, не грижи се за таа куќа. Крвта на мачениците „Командант Куштрими“-Харун Алиу, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Куршум за предавниците, напиша Ел Чека.

 

Бомбашот од Чикаго Ел Чека и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, биле соседи во кичевското село Туин, пренесува ТВ 21.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега