ВИДЕО: Снимка од пожарот на Граничниот Златарево - Огнот голташе се пред себе
На граничниот премин Ново Село – Златарево на македонско-бугарската граница поради вчерашниот пожар, во кој изгоре административната зграда од бугарска страна, се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин.
Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево – Деве Баир и Станке Лисичково – Делчево.
Во вчерашниот пожар целосно изгоре административната зграда од бугарска страна. Нема повредени лица, но е причинета огромна материјална штета. Уништени се многу документи. „БГНЕС“ пренесува дека вработените се обиделе да го изгаснат и локализираат пожарот, но не успеале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа