Лани се породиле 19 малолетнички во Македонија

Државниот завод за статистика денеска објави дека минатата година се родени вкупно 21.484 деца од кои 21.333 биле живородени, а 151 мртвородено. Бројот на живородени деца лани бил намален за 1,9 проценти во споредба со претходната година.

Минатата година се родиле повеќе машки од женски деца, односно според статистичките податоци учеството на машките живородени деца е 52,4 проценти.

Најголем број раѓања имало во месец септември, а според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 процент имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 година и кај првите раѓања изнесува 27.3 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1990 година.

Статистичките податоци покажуваат дека минатата година се родени 19 живородени деца од мајки помали од 15 години.

Од вкупниот број живородени деца, 12,1 процент се вонбрачни, односно 2.587 деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега