Спасовски: Судот пушта од притвор криминалци со јаки бизнис врски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека судот од за него непознати причини пушта од притвор транснационални криминалци кои имаат јаки бизнис и меѓународни врски. Тој за ова говореше денеска на Националната конвенција, која беше насловена како „Следејќи го патот на парите – зајакнување на механизми за финансиски истраги“ на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

- „Имаме случаи кога интензивно ќе работиме на сузбивање на одредена криминална група, при тоа ќе се завршат сите постапки, ќе се приведат овие лица и на крајот некој во судот ќе одлучи, заради не знам кои причини, да бидат пуштени без притвор. Овде не говорам за криминалци од помал обем туку за транснационални криминалци, криминалци како дел од владејачките структури кои биле во Македонија или се и сега, криминалци кои имаат јаки бизнис врски и меѓународни врски и кои можат сериозно да го нарушат водењето на таквите истраги“, вели Спасовски, пренесе СДК.МК.

Посочи дека лани во рамките на борбата против организираниот криминал биле откриени 154 кривични дела при што мерки за кривичен прогон се преземени кон 249 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега