Спасовски: Ќе има „ветинг" за сите вработени во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска беше на Националната конвенција, која беше насловена како „Следејќи го патот на парите – зајакнување на механизми за финансиски истраги“ на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде имаше и свое обраќање.

Министерот во обраќањето најави ветинг за сите вработени во МВР и најави дека борбата со криминалот и корупцијата продолжува.


- „Со овој процес веќе сме во напредна фаза и наскоро ќе излеземе со целиот тој концепт. Но, јас апелирам таков ’ветинг процес‘ да се спроведе и во другите институции затоа што би било залудно да работите и да направите една институција во која ќе се детектираат и елиминираат ваквите луѓе кои што можеби ги имаат тие врски со криминалните структури, а наспроти ова, во другата институција имате луѓе кои соработуваат со тие криминални структури“, истакна Спасовски на обраќањето на Националната Конвенција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега