Заев: Меркел не е против датум во јуни, веста е стара

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција истакна дека веста за изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел е стара дека до октомври земјава нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

-Да бидеме внимателни како се поставуваме, да ги имаме во предвид стратешките цели. Верувам дека јуни, јули е достижен. Сака да верувам дека Европа ќе испорача. Не можам да гарантирам дека парламентарното мнозинство ќе остане стабилно ако Европа не испорача.Ако некој некогаш заслужил интеграција во ЕУ  тоа е Република Северна Македонија, истакна Заев додавајќи дека Германија е наш стратешки партнер, а канцеларката Меркел  може да го смета за свое дело, успехот на нашата земја.

Овој коментар следеше по веста која се рашири дека канцеларката Меркел се изјаснила негативно по желбата на Европската комисија за брзо давање датум за преговори на Македонија за приклучување во Унијата ова лето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега