Ваљон Беља со уште 4 кривични за директорката на Гинекологија

Поранешниот економски директор на ГАК Ваљон Беља поднесе четири нови кривични пријави против директорката Викторија Јовановска за злоупотреба на функцијата. 

Беља тврди дека има докази дека Јовановска направила финансиски криминал и се пожали дека додека тој раководел со функцијата од нејзина страна не му бил дозволен увид во трошоците на гинекологија, јави канал5.

Екс економскиот директор на гинекологија Ваљон Беља минатата година во вооружена пресметка беше повреден во ногата, а пред неколку години е осуден на година и пол заради неовластено поседување на огнено оружје. Министерот Филипче го разреши неодамна од функцијата откако преку Фејсбук ја обвини директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска, дека е одговорна за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови.

- Со Валон Беља или не знам точно како е името на досегашниот економски директор, проблемите се од поодамна. Тој е меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени. Тој веројатно кога слушна дека ќе биде променет истапи со вакви работи. Делот со индиции за одредени криминални дела истражните органи треба да го проверат, почнувајќи од Зоран Заев па натаму по хиерархија на извршната власт. Суштината да вака настапи директорот беше тоа што му беше соопштено од неговите дека ќе биде разрешен и тој тргна по тој пат. Затоа се случи одлуката на министерот веднаш да биде разрешен затоа што со соопштување на одлуката и неговиот начин на прифаќање на таа одлука, да тргне во тој правец, дефинитивно може да направи непоправливи штети, не заради тоа што ќе зборува за одредени работи, туку заради тоа што тропа глупости од секој можен аспект. Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен, рече Заев по разрешувањето.

На ова Беља му одговори на Фејсбук.

- Работата е се поинтересна и се покажува дека криминалните корени одамна поминале. Ако бев информиран дека ќе бидам отпуштен, зошто мојата одлука продолжи како у.е. економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство? Фактите се спротивставуваат на фрустрирачките изјави на премиерот Заев. Ако назначите дипломиран филолог за сестра во ваква важна институција (спротивно на законот), тогаш прашањето е: "Кој се потсмева со оваа институција?" Оваа акција има кривични последици и слично на поранешниот директор на Катастарот, таков напредок треба да го преземе кривичниот епилог, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега