Жбогар: Прерано е да се предадеме, да бидеме депримирани или разочарани

Државата и Европската Унија да се фокусираат на решавање на проблемите на младите со цел да се намали нивниот одлив од источниот дел на Републиката. Ова е клучната порака која евроамбасадорот Самуел Жбогар ја испрати од Малешевијата во рамки на инфо работилницата која делегација на Европската Унија ја одржа во Берово како дел од кампањата „ЕУ за тебе“.

-Она што забележуваме е дека младината сака да си замине и тоа е нешто што прво на национално ниво треба соодветно да се третира и да се осврне државата на истото но и стовремено и ние во Европската Унија треба да го разгледаме и да се осврнеме на тој проблем, истакна Жбогар.

Раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, се сложи со констатацијата на евроамбасадорот Жбогар потврдувајки дека решавањето на проблемите на младите треба да биде приоритет на Европската унија. Тој од друга страна ја посочи општина Берово како лидер во регионот како општина која има реализирано над 10 проекти преку фондовите на Европската Унија.

За градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски со пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, Берово ќе може да искористи повеќе од европските средства што ќе биде од огромен бенефит за целата општина.

Тој додаде дека е „прерано да се предадеме и не би требало да бидеме депримирани или разочарани“.

-Немам нови информации за ситуацијата, она што можам да кажам е дека не е се завршено додека не е готово. Став на Европската комисија е дека земјата е спремна да го продолжи следниот чекор. Претседателот на Европската комисија Јункер, рече дека тој ќе направи се што е во негова моќ да лобира кај земјите членки на ЕУ, за да се отворат преговори со Република Северна Македонија. Прерано е да се биде разочаран.Уште еднаш ќе повторам дека сега е моментот да се убедат сите дека земјата е спремна за преговори со ЕУ, истакна Жбогар од Берово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега