Во јунските нацрт-заклучоци на ЕУ засега нема датум за преговори

Во нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ до кои дојде МИА не стои датум за преговори со Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие нацрт-заклучоци, кои треба сѐ уште да бидат разгледувани и на експертско, амбасадорско и потоа министерско ниво, не се конечни, но за сега шансите за консензус помеѓу земјите членки за одредување датум за преговори се минимални.

Во документот, министрите за надворешни работи на овие земји истакнуваат дека „нема план Б“ за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ и оценуваат дека ЕУ треба да заземе „храбри“ и „далековидни“ одлуки по ова прашање.

-Почетокот на преговарачкиот процес ќе им овозможи на овие две земји да се фокусираат повеќе на потребните реформи додека ЕУ ќе добие вредна алатка за набљудување на нивниот индивидуален прогрес. Отпочнувањето на преговорите во јуни 2019-та ќе ја зајакне отпорноста на земјите пред штетните надворешни интереси на другите играчи, стои во заклучокот.

За разлика од минатата година, главна пречка овој пат за стартот на преговори е Германија, а не Франција велат дипломатите во Брисел, и веруваат дека Париз е подготвен да попушти за датум во јуни или јули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега