Шекеринска- Лајчак: Отворањето на преговорите за Северна Македонија би бил стратешки важен потег на ЕУ

„Словачка силно го поддржува проширувањето на ЕУ и отворањето на преговорите за Северна Македонија“, рече словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак на средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. 

Лајчак рече дека Словачка ќе стори сè да ја прошири пораката дека отворањето на преговорите со нашата земја би бил стратешки исправен потег на ЕУ. Словачкиот министер за надворешни на средбата со министерката Шекеринска ги понуди автентичното интеграцискo искуство на земјата, преку експертска помош во сите области во текот на интеграциски процес на Северна Македонија во ЕУ.

Министерката Шекеринска се заблагодари за поддршката во овој важен момент за државата, кога од клучно значење е Европскиот совет да донесе одлука за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. 

Шекеринска и Лајчак имаа билатерална средба за време на одржувањето на GLOBSEC форумот во Братислава, на кој се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега