Илиевски: На крај памет не ми паѓа да барам oштeтa, додека во затвop има луѓе со 211 години непpaведна pобија

На крај памет не ми паднало да барам обештетување од државата додека во затвор има луѓе со 211 години неправедна робија, вели Богдан Илиевски- Бетмен во својот фејсбук статус, откако во јавноста излезе информација дека амнестираните за настаните на 27 април побарале оштета за адвокатски трошоци.

„Набрзинка, во два реда:

НА КРАЈ ПАМЕТ не ми паднало да барам обештетување од државата додека во затвор има луѓе со 211 години неправедна робија.

Не како амнестиран, туку како човек. Прво, никој не може со милион евра да надомести еден ден во ќумезите. Второ, постојат вредности кои ни сто милиони евра не ги купуваат - интегритет, достоинство, чест...

Е сега, ако има ВООПШТО можност било каква оштета/надомест да се добие (поим немам, не сум прашувал воопшто, претпоставувам нема бидејќи процесот беше прекинат, а не ослободителен) тогаш ќе побарам и се што ќе земам ќе им го дадам на фамилиите на осудените, подеднакво. Ако нејќат сите, на тие кои сакаат. Ако никој нејќе во фондација, на луѓе со потреба, итн итн.

Луѓето кои се неправедно осудени не ги познавав пред процесот, но делевме иста судбина. Сега „моето“ е трошка, зрно песок, во однос на она што им го направија нив - но ќе даде Господ, ќе има правда, еден ден. Во шутка и во суд јас не видов ниту еден „терорист“ меѓу нас. Дури ни оној главниот сведок кој менува искази неколку пати (ко по нарачка) и брутално и бедно лажеше за мене, за Владо, за Боро, за Дурло... дури ни тој не мислам дека е правично осуден, и дека добил заслужена казна. Така да... правда ќе има, еден ден. Тоа е неизбежно. Се надевам што поскоро. До тој ден ДА ПОВТОРАМ, макар леб да немам да јадам, камења и корења ќе јадам, ама скапан денар не земам и да ми го даваат сами, се додека внатре има луѓе кои се неправедно осакатени од корумпираниот процес во кој беа осудени.

п.с. А новинарите кои не прашуваат, туку пишуваат, се приказна сами за себе. Ама за тоа и за се друго на темава во друга прилика.

Да живее Македонија.“ стои во неговата објава на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега