Царовска: Сите сиромашни семејства ќе можат да обезбедат еднаков старт за своите деца

Министерката Царовска во гостување на МТВ1вели дека за овие 2 години Министерстворо за труд и социјална политика го води граѓански. Неколку нивоа на реформи се случуваат во министерството и сите директно ќе дадат намалување на сиромаштијата во државата. Првенствено е социјалната реформа која што има 3 закони: социјална заштита, детска заштита и социјална сигурност на стари лица.

Сиромаштијата ја третираме во текот на целото живеење и тоа дефинитивно ќе даде ефект најмалку 3% на релативната сиромаштија, а по сите проекции апсолутната сиромаштија ако таргетираме точно 34.000 домакинства треба да ја сведеме на 0.

Детската сиромаштија се третира со законот за детска заштита и за прв пат во Македонија воведува како универзално право за сите домакинства со ниски приходи детски и образовен додадок и сите посиромашни семејства ќе можат да обезбедат еднаков старт за своите деца

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега