УХМР со детална временска прогноза: Високи температури викендов, а потоа пресврт

Времето во земјава ќе биде сончево и значително потопло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја, особено во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот 9.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени,  а дневната температура од  26 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево  со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната температура до 33 степени.

Под влијание на топла воздушна маса следува период на значително потопло време. Во следните денови во попладневните часови локално ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, понекаде и појава на град, а понестабилно ќе биде од понеделник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2019 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега