Регионална конференција за ретки болести во Струга

Здружението на пациенти за ретки болести „Живот со предизвици“ по повод десетгодишнината од постоењето, од денеска до девети јуни организира три конференции во Струга.

Конференциите ќе се одржат во соработка со Одделот за генетско инженерство при МАНУ и здруженијата на пациенти од регионот.

– Учесници на овие конференции се пациенти, лекари, истражувачи, застапници на пациенти од Албанија, Србија, Хрватска, Северна Македонија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Чешка, Германија, Велика Британија, Словенија Црна Гора.., информираат организаторите.

Планирано е одржување и симпозиум за физиотерапевти, како паралелен настан, со гостинот предавач проф. д-р Марион Мејн од Германија, експерт за физиотерапија кај пациенти со мускулна дистрофија и спинална мускулна атрофија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2019 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега