Захариева: Нема Бугарин кој би го чествувал Гоце Делчев на 7 октомври

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева по средбата со шефот на Македонската дипломатија Никола Димитров во Софија, изјави дека пред два дена имаше состанок на историската комисија со Македонија на која не беше постигната согласност околу личноста на Гоце Делчев.

-Нема зошто датумот 7 октомври да биде прифатен за заедничко чествување. Заедничка цел е и желба на двете влади е до крајот на годината оваа историска комисија да постигне поголем напредок.

Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, како што информираат од МНР, предвидени се средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски; на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега