Со трубачи, песни и ора се збогуваат од училиштето во кое поминаа девет години. Оваа недела деветоодделенците ќе одморат, а од наредната ги очекуваат уписите во средните училишта., објавува Сител.

Промени во образовниот процес, учење по Кембриџ…за некои лесно, за некои со мали потешкотии, но на крај сите продолжуваат понатаму.

И додека основците размислуваат дали општа гимназија или стручно образование, на поголема мака се учениците кои завршија средно образование. Скопскиот градоначалник денеска на 27 матуранти првенци на генерацијата им додели специјални признанија и парични награди. Но голем дел од нив не ја гледаат иднината во земјата.

Школската година заврши. Со нови сили и предизвици учениците ќе продолжат на 1 семптември.