Кирацовски по пожарот во Кисела Вода: Во форма на награда за пожарникарите ги издвојувам моите месечни примања

Во стан во зграда во Кисела Вода, на улицата „Народни хероид“ денеска избувна пожар, а брзата реакција на пожарникарите придонесе се да заврши во најдобар ред. Поради тоа, пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски се огласи на Фејсбук и икажа дека своите месечни примања ќе ги даде за пожарникарите - херои.

„Брзата реакција, организираноста на противпожарната единица на Град Скопје која денес успешно се справи со пламените јазици од пожарот настанат во зградата во Кисела Вода (во чија близина привремено престојувам и јас со своето семејство), треба да биде пример за посветеност, пожртвуваност кон својата работа во служба на граѓаните, за многу општествени истакани личности, како и за вработените во сите институции.

Хероите – пожарникари, кои неколку часа се справуваа со настанатиот пожар, спасија повеќе животи, ставајќи го својот во ризик.

Тоа мора да се поздрави и да се награди, за да се поттикне како пример на однесување за сите нас.

Во таа насока, како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ - ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи.

Истовремено ги повикувам сите кои се во можност да го сторат истото во најразлична форма за овие хумани луѓе, но и за семејствата чиишто станови се зафатени од пламенот на настанатиот пожар.

Хуманоста пред се!“, напиша Кирацовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега