Мена нападнат од колега од ДУИ: На насилството не му е место во совет на општина

Членот на советот на Општина Охрид од движењето БЕСА, Џемал Мена, обвини дека на денешната седница бил физички нападнат од колега од ДУИ за време на расправа по точка од дневниот ред за вработувања во ЈП „Нискоградба“, пренесува Охридињуз.

Тој тврди дека бил нападнат само затоа што гласал по сопствена волја. Случајот е пријавен во охридската полиција, а Мена по прегледот во охридската општа болница во изјава за медиумите најави дека ќе поднесе кривична пријава против колегата, како и дека ќе побара полициско обезбедување за него и членовите на неговото семејство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега