ВИДЕО: Вработена во Основниот суд Скопје 2 снимена како зема поткуп за укинување на пресуда

Скандалозно видео на кое се гледа како наводно вработена во скопскиот Основен суд договара и зема поткуп за промена на пресуда, објави порталот Досие МК

Осомничената е вработена во одделот за стопански спорови, и од семејство на осуден за разбојништво  побарала и добила 6.500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне, односно да биде укината. Семејството се согласило да и даде пари кои таа си ги земала, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење, пишува порталот.

На видеото ликот на осоминечната е замаглен и се гледа како таа во автомобил ги добива парите на рака. И самата внимателно погледнува наоколу дали некој ја снима.

Според порталот видеото тука не застанува, во него има и дел каде што вработената во судот споменува и имиња на судии кои одлучувале по предметот, но тој дел не е објавен. За нив  странките тврделе дека никогаш не побарале, ниту земале пари, ниту пак имале некаква поврзаност со осомничената. Според извори на порталот таа и друг пат била замешана во слични нелегални активности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега