Ново разорно невреме на Балканот - град и обилни врнежи најавени за Македонија

Изминатиот подолг период регионот беше погоден од силни и разорни невремиња како и поплави, а засега ваквата ситуација ја зема првата жртва и тоа во соседна Србија додека едно дете во Босна исчезна во надојдените води. Во Романија пустош прават зачестените и силни торнада. За понатаму најновите направени метео анализи укажуваат на тоа дека се можни нови силни невремиња ширум регионот кој може да условат нови поплави па дури и појава на нови торнада но и силни врнежи од град, информира метеорологот Славчо Попоски. Најголеми услови за вакви појави имаат цел северен балкан како и Бугарија и Романија.

Кај нас пак во Македонија исто така очекуваме повеќе врнежи во овој летен период како и локална појава на невреме проследено со значително количество на воден талог, силни ветришта, електрични празнења и појава на град, сепак и покрај ова летните температури ќе ги имаме што значи летото нема да изостане.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега