Собранието ќе ги прифати оставките на Груевски и на Павле Богоевски

 

Оставката на Никола Груевски ќе биде констатирана на денешната седница, пренесе ТВ24 повикувајќи се на извор од пратеничките групи.

Оттаму велат дека собранискиот спикер Џафери решил да ја почитува праксата и како во изминативе шест случаи од овој мандат, да ја констатира и оставката на Груевски без тој да биде присутен на седницата.

Тоа според информациите им го соопштил утрово и на координаторите. Ова доаѓа откако вчера цел ден власта и опозицијата се надмудруваа дали оставката на Груевски од Унгарија, откако беше преведена, треба да се констатира или пак да се гласа за заклучокот за одземање на мандатот по шестмесечното неоправдано отсуство на комиисјата за мандатно имунитетни и деловнички прашања. 

Според информациите на ТВ 24, на денешната седница ќе биде констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, кој ја најави по престанокот на мандатот на Груевски, како последица на скандалот со снимката во која според објавувачот, тој нарачува кокаин, а според Богоевски, масло од канабис.

Богоевски ќе биде присутен и се очекува да ја образложи оставката

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега