Мијалков до сведокот Костовски: „Како може да бидеме сигурни дека некој од надвор не прислушувал“

Денеска во Основниот Кривичен суд, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, продолжи да го испрашува сведокот Звонко Костовски во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. За овој предмет, освен Мијалков, обвинети се избеганиот поранешен началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

На почетокот од рочиштето, како што пренесува А1он, Мијалков повторно побарал Костовски да прикаже доказ за неговите тврдења во сведочењето. Костовски кажал дека такви докази нема, па Мијалков иронично искоментирал дека треба да му се верува само на зборот, пренесува А1он

 

Мијалков го прашал Костовски за настан кога Израелците ја презентирале на три лаптопи опремата за прислушуваее, и во живо следеле 30 разговори, случајно уловени од клонираната базна станица и како може Костовски да гарантира дека на ваков начин не снимал некој друг.

Костовски одговорил дека тоа е можно, но во тој случај,  станува збор за пасивно снимање во кое вториот соговорник или ќе се слуша добро, или лошо, или воопшто нема да се слуша, а со снимките од УБК, квалитетот на тонот и кај двата соговорници е одличен.

„Сигналот од базната станица до уредот е одличен, но телефонот до базната станица е многу послаб”, рече Костовски. На тоа Мијалков рече дека не се сложува и оти снимките кои ги слушале со Израелците на презентацијата на опремата биле одлични.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега