Пуштени во употреба новите шест амбулантски возила

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје соопшти дека се пуштени во употреба новите шест амбулантски возила на Службата за Итна медицинска помош.

Со тоа, велат од Здравствениот дом – Скопје, првпат по подолг временски период, Службата за итна медицинска помош во Скопје ќе има на располагање четиринаесет возила.

„По  завршените административно –технички  работи,  во текот на вчерашниот ден сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема со што од синоќа веќе се во фунција на потребите на граѓаните на Град Скопје и околните места, што се под надлежност на Здравствен дом на Скопје“, се вели во соопштението

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега