Богоевски: Вредностите и каузата за која се борев се над функцијата

Пратеникот Павле Богоевски денеска официјално поднесе оставката до собраниските служби од собраниската говорница рече дека останува на ставот дека вредностите и каузата за кои се борел се над функцијата.


„Не оди еден пратеник кој толку се залагал за еднаква правда и правичност за сите, кога ќе стори нешто незаконски, не личи да продолжи да биде пратеник“, кажа Богоевски од собраниската говорница.

Тој во последниот говор како пратеник рече дека оставката ја донел од две причини. Прво дека не сакал да биде пречка за органите на прогонот да си ја вршат својата работа и ги повика да го истражат случајот со аудиоснимката во целост, но и да најдат кој ја направил снимката.

Втората причина за оставката била тоа што тој бил човек кој се залага за правото и правдината. Тој рече дека секогаш бил за вредностите над фотелјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега