Захариева: Гоце Делчев е Бугарин, од Северна Македонија ја сакаме само вистината

Нема да правиме компромис со вистината. Од Северна Македонија не сакаме ништо повеќе од вистината, рече министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по повод неприфаќањето на бугарската комисија за заедничко чествувањее на Гоце Делчев на датумот 7 октомври.

 
Овој датум, кој ја одбележува годишнината кога Бугарија и ги предала на Македонија останките на револуционерот, за Захариева е неприфатлив бидејќи, како што рече, се поврзува со Коминтерната и со Тито.

Според Захариева предавањето на коските е едно од најголемите предавства кон Бугарија.

-Гоце Делчев самиот кажал што е по националност, односно Бугарин, тоа го напишал десетина пати. Се додека продолжуваат да ги едуцираат своите ученици со лажниот национализам, ништо нема да се смени. Поентата е да се почне промена во менталитетот – рече Захариева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега