Виктор Димовски назначен за директор на Агенцијата за национална безбедност

Поранешниот прв разузнавач, Виктор Димовски е назначен за директор на Агенцијата за национална безбедност.

 

Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од 20 години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил амбасадор во Србија и Црна Гора, како и во Израел. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски беше директор на Агенцијата за разузнавање, со одлука на тогашниот претседател, Бранко Црвенковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега