Пеколни температури до крајот на неделава - УХМР информира во кои денови ќе биде најтопло

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Ќе продолжи период на топло време, а најтопло ќе биде од четврток до недела. До средината на неделата претежно во попладневните часови понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега