Откриена можната причина за пожарот во Кисела Вода - станарите ноќта ја поминаа надвор од домовите

Стабилна е здравствената состојба на сите 11 лица повредени во вчерашниот пожар во Кисела Вода, но и денеска ќе бидат задржани на Токсикологија, откако се запали стан на петтиот кат на улицата “Народни Херои”.

Како што јавува Сител, пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, а полицијата вчера не дозволила станарите  да се вратат во своите домови заради нивна безбедност. Ноќта ја поминалале кај роднини и пријатели. 

Според неофицијални податоци, огнената стихија била предизвикана од  прегреан продолжен кабел во спалната соба  во станот на петтиот кат од каде и почна да се шири пламенот.

Неколку станари утринава биле и на состанок во општината Кисела Вода каде им била ветена помош по 30.000 денари по стан кој претрпел штета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега