Кој е Ѓоко Камчев - Пратеникот кој ќе го замени Груевски

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ги констатираше оставките на пратеникот Павле Богоевски и пратеникот во бегство Никола Груевски.

Ѓоко Камчев е нов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието откако беше констатирана оставката на екс лидерот на партијата, Никола Груевски.

Тој е член на ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа од Валандово. Роден е на 4.10.1975 и беше пратеник од оваа партија во периодот од 2014-2016 година.

Камчев по професија е Дипломиран политиколог, а завршил на Правниот факултет. Како пратеник од 2014-2016 година бил член на собраниските комисии за надворешна политика и локална самоуправа, како и заменик член на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и земјоделство, шумарство и водостопанство.

Груевски за оставката информираше преку Фејсбук неодамна.
 
- Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам, и огромен број други слабости да се обидува да ги прикрива преку наметнување на лажни информации и тези со очигледна понатамошна опседнатост со мене. Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики. Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен. Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. 

Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности.

Да живее Македонија!

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега