Груевски за пописот: „Три пати мери еднаш сечи"

Поранешниот премиер Никола Груевски чија оставка денеска без голема дебата беше констатирана во Собранието, се огласи ја Фејсбук околу пописот.

- Принципот на ,,четири очи,, ,највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростад и изреката ,,трипати мери еднаш сечи,, се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија.

Државните пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално ,,чист,, попис може да е успешен и признаен од сите.

Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат. 
Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред се.

Заради уставните одредби кои произлегоа од охридскиот рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност, напиша Груевски кој е во бегство во Будимпешта.

 

Инаку, Груевски за оставката која беше констатирана денеска, информираше преку Фејсбук неодамна.

 - Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам, и огромен број други слабости да се обидува да ги прикрива преку наметнување на лажни информации и тези со очигледна понатамошна опседнатост со мене. Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики. Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен. Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. 

Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности.

Да живее Македонија!

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега