Владата одлучи: Ќе се реконструира студентскиот дом „Стив Наумов“

Владата на денешната 139 седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за образование и наука да спроведе постапка за реконструкција на Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, во најкраток можен рок.

Реконструкцијата, во владиното соопштение, се образложува со прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега