Тешка несреќа во Македонија: Возач се заби во бандера и дрво

Во 06.52 часот утрово на крстосница од улицата „Македонска Фаланга“ и патот за стадион „Тумбе-кафе“ во Битола, 62-годишниот Љ.С. од село Буково, битолско, управувајќи патничко возило „Форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки,  изгубил контрола и удрил во канделабра за улично осветлување и во дрво.

Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му била укажана лекарска помош.

 Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега