Возило се заби во камион во Македонија - Двајца итно во болница

Во 16.30 часот вчера на Кукуречанска крстосница - Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило - влекач „Ман“ со гевгелиски регистарски ознаки, со полуприколка „Шмитц-Гота“, управувано од 50-годишниот М.Љ. од Богданци, патничко возило „Рено Меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот Д.Ш. од селото Вирово, демирхисарско  и патничко возило „Фолксваген Голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот Ц.Е. од Неготино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Голф“, 35-годишната М.Е. од Неготино, која била пренесена во Клиничката болница во Битола, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Ш.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега